Radio Sportsko

[

Listen Live

]

Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Екипата која повеќе од 10 години работи на овој формат на радио програма, од 2005 година изгради свој стил на спортско информирање во македонскиот етер. Го преточи искуството и начинот на спортско информирање на нова фреквенција, 90.3 фм, збогатувајќи и унапредувајќи ја програмата со нови содржини и пос... See more

Skopje FM|90.3
02/3121903
Раде Кончар 5а
Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Екипата која повеќе од 10 години работи на овој формат на радио програма, од 2005 година изгради свој стил на спортско информирање во македонскиот етер. Го преточи искуството и начинот на спортско информирање на нова фреквенција, 90.3 фм, збогатувајќи и унапредувајќи ја програмата со нови содржини и постојано присуство на македонските спортисти, клубови и испортски работници во тековната дневна програма.

Во 2006 година, Спортското радио 90.3 фм беше официјален медиумски спонзор и организатор на фудбалскиот настан на годината, Македонија - Англија во Скопје, каде официјален спикер на натпреварот беше токму лице од Спортското радио 90.3 фм. Инаку, нашите водители се официјални спикери и на останатите настани во останатите спортови, онаму каде Спортското радио 90.3 фм се јавува како Официјален медиумски спонзор на Федерациите. Во годините кои следуваа го понесовме епитетот на медумски поддржувач и коорганизатор на низа спортски манифестации од врвот на македонското спортско живеење. Тука е коорганизацијата на Скопскиот маратон во сите години по заживувањето, медиумски ги покриваме автомобилистичките трки од меѓународен карактер, сите кошаркарски, одбојкарски и ракометни репрезентативни средби, клупски настапи во европските купови.

Спортското радио 90.3 фм изгради свој имиџ и квалитет, кој е доволен знак, македонските спортски федерации да го обезбедат за свој партнер во медиумското презентирање на својот спорт и активностите. Во овие години спортско информирање, Спортското радио 90.3 фм е официјален медиумски спонзор на Фудбалската, Кошаркарската, Ракометната, Одбојкарска и Македонската тениска федерација, а учествува во медиумската презентација и на скоро сите меѓународни спортски настани, кои се организирани во нашата земја, но и во странство. Активно ги поддржуваме и помалите спортови кои се директно вклучени во посебни сегменти од нашата спортска програма. Во тесна соработка со Федерациите, но и со Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија, Спортското радио 90.3 фм реализира бројни програмски проекти за афирмација, поддршка и издигнување на спортот, особено кај младите во нашата земја на едно многу повисоко ниво.
© LogFM.com, 2009-2024 (2024-04-04,22:57:22)