Radio Holidej (Радио холидеј)

[

Listen Live

]

Слушајте радио, но слушајте добро радио.Тоа е пораката што ја испраќаме до нашата слушателска публика. Вие сте дел од неа и за нас нема ништо поважно од Вас. Затоа сме тука,13години во македонскиот етер. Радио Холидеј е радиостаница која емитува 24 часовна програма од сопствено емитувачко студио поврзано со линк и предавателна опрема лоцирана на периферијата на градот Прилеп. Според природата на програмскиот сервис ние сме говорно – музичко радио со претежно забавен општ формат. Говорниот дел на програмата ги остварува трите значајни функц... See more

Prilep FM|102.1
+38948422485
St. Mariovska br.31 Bat ?????????? 7500
Слушајте радио, но слушајте добро радио.Тоа е пораката што ја испраќаме до нашата слушателска публика. Вие сте дел од неа и за нас нема ништо поважно од Вас. Затоа сме тука,13години во македонскиот етер.

Радио Холидеј е радиостаница која емитува 24 часовна програма од сопствено емитувачко студио поврзано со линк и предавателна опрема лоцирана на периферијата на градот Прилеп.

Според природата на програмскиот сервис ние сме говорно – музичко радио со претежно забавен општ формат. Говорниот дел на програмата ги остварува трите значајни функции: информативна, образовна и забавна. Радио Холидеј емитува “инфо вести“ во кои се третираат значајни настани и случувања од градот и агенциски вести од земјата и светот.Се емитуваат и емисии кои имаат забавно – образовна функција, интерактивни програми, инфо сервиси и музика за сите генерации од сите жанрови.

Радио Холидеј е една од најслушаните радиостаници во Пелагонискиот регион, тоа го покажуваат истражувањата на публиката во Македонија.Тоа е и причината поради која постои голем интерес кај локалните компании и тие од надвор за реклама преку нашата програма.

Главниот формат на радиото е mp3 и во влезна и во излезна обработка на сигналот.Емитуваме дополнителна RDS услуга на која во моментов се објавува идентификацијата на радиото.

Програмата се слуша преку интернет. Македонците кои живеат во дијаспора, покажуваат интерес за слушање на радиото а реакциите се позитивни и мотивирачки.

Тоа не охрабрува да се одржиме на истата бранова должина со нашите слушатели и да оствариме континуитет на успешност, професионалност и многу публика.
© LogFM.com, 2009-2024 (2024-03-26,07:25:25)